МК EN SQ 0.0715

Македонија до 21 година квалификациите за ЕУРО 2019 ги започнува со гостување во Ерменија

Објавено на 26 Јануари, 2017 во Вести, До 21 год


Репрезентацијата на Македонија до 21 година квалификациите за пласман на ЕП 2019 година во Италија ги започнува на 5. септември годинава на гостински терен против Ерменија. Првиот домашен натпревар избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе го одиграат на 6. октомври против Србија, селекција која е наш ривал и на претстојното Европско првенство во Полска.

Во групата 7 од квалификациите за ЕУРО 2019 покрај Ерменија и Србија нашата репрезентација ќе игра уште со репрезентациите на Русија, Австрија и Гибралтар.

По ждрепката во Нион претставниците на сите шест репрезентации, меѓу кои беа и селекторот Благоја Милевски и Саша Ќириќ го дефинираа комплетниот распоред на натпреварите за пласман на ЕП 2019.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 2019

05. септември 2017: Ерменија – МАКЕДОНИЈА

06. октомври 2017: МАКЕДОНИЈА – Србија

10. октомври 2017: Гибралтар – МАКЕДОНИЈА

14. ноември 2017: МАКЕДОНИЈА – Австрија

23. март 2018: МАКЕДОНИЈА – Русија

27. март 2018: Австрија – МАКЕДОНИЈА

07. септември 2018: Србија – МАКЕДОНИЈА

11. септември 2018: МАКЕДОНИЈА – Ерменија

12. октомври 2018: Русија – МАКЕДОНИЈА

16. октомври 2018: МАКЕДОНИЈА – Гибралтар




   
   
А репрезентација