Македонија до 21 година: Ќе се обидеме максимално да одговориме и на новиот предизвик

Објавено на 27 Септември, 2017 во Вести, До 21 год


Благоја Милевски, селекторот на репрезентацијата на Македонијадо 21 година по објавувањето на списокот со повикани фудбалери за квалификациските натпревари против Србија (6. октомври, тренинг центар „Петар Милошевски) и Гибралтар (10. октомври, Фару) за пласман на ЕП 2019 во Италија, изјави дека не очекува дуел со еден од главните фаворити за прво место вио групата, Милевски вели дека системот на игра на Србија не е сменет од Европското првенство во Полска.

- Играме натпревар против една од најквалитетните репрезентации во групата, според мене фаворит за пласман на ЕП 2019, противник кој има интернационалци од најсилните лиги, мора да влеземе максимално подготвени и сконцентрирани на овој меч. Системот на игра на Србија во однос на Европското првенство не е сменет. Има неколку играчи од тој состав кои сеуште се дел од тимот. Тука се Јовановиќ, Грујиќ и Гајиќ, но ќе видиме со каков состав ќе настапат против нас. Македонија покажа квалитет во изминатиот период, се надевам така ќе биде и против Србија, а потоа и против Гибралтар. Ѓорѓев и Елмас ќе ни бидат на располагање на првиот дуел, а потоа, ќе ги ослободиме поради обврски во А репрезентацијата. Првпат со нас е Душан Ѓорѓев, голман кој ни доаѓа од САД и настапува за Оклахома. Повикани се вкупно 22 фудбалери кои верувам максимално ќе одговорат на новиот предизвик кој ги очекуваизјави Милевски.

Првиот тренинг репрезентацијата ќе го има на 1. октомври во 14:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Официјалниот тренинг пред мечот е на 5. октомври. Влезниците за натпреварот Македонија - Србија се веќе пуштени во продажба преку мрежата на mktickets и чинат 150 денари.

Во првиот круг од новите квалификации, Македонија славеше убедлива победа против Ерменија на гостински терен со 3:0. 




   
   
Актуелности

13.10.2018    Вести

Вечно ќе се памети првата победа на Македонија во Крањ против Словенија

На 13. октомври 1993 година во Крањ, започна историјата на нашата фудбалска репрезентација. Стартуваше со блескав триумф...

Календар

16 Окт

14:30 Македонија - Гибралтар
    У21 квалификации за Европско
18:00 Ерменија - Македонија
    УЕФА Лига на Нации

20 Окт

11:00 Фарски Острови - Израел
    У17 квалификации за Европско
14:30 Шпанија - Македонија
    У17 квалификации за Европско

23 Окт

11:00 Шпанија - Фарски Острови
    У17 квалификации за Европско
14:30 Израел - Македонија
    У17 квалификации за Европско

26 Окт

14:30 Македонија - Фарски Острови
    У17 квалификации за Европско
14:30 Израел - Шпанија
    У17 квалификации за Европско

16 Ное

20:45 Лихтенштајн - Македонија
    УЕФА Лига на Нации
20:45 Македонија - Гибралтар
    УЕФА Лига на Нации
А репрезентација