Македонија до 19 години победи против Кипар

Објавено на 26 Март, 2015 во Вести, До 19 год

Македонската репрезентација до 19 години (генерација 1997 година) со 1-0 ја победи репрезентацијата на Кипар на вториот контролен натпревар одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Петар Петковски во 21. минута го постигна погодокот за победа на избраниците на Горан Станиќ. Македонија доминираше, посебно во првото полувреме кога не искористивме неколку убави шанси за удвојување на предноста. Петковски и Селмани ги имаа најубавите шанси за Македонија во првиот дел. Кипар не искористи одлична шанса за израмнување во продолжението.

-Задоволен сум од победата, односот и залагањето на играчите. Постоеше голема разлика во однос на првиот натпревар посебно во офанзивниот дел од играта. Бевме опасни, создававме шанси и тоа треба да не радува. Оваа генерација е добар пат да оствари позитивни резултати и на важните квалификациски натпревари. Ни преостанува да работиме и преку контролни натпревари да ја бараме формата, изјави селекторот на репрезентацијата Горан Станиќ.

МАКЕДОНИЈА – КИПАР 1:0 (1:0)

(1:0 Петковски Петар, 24. минута)

МАКЕДОНИЈА: Боби Целески, Слободан Боцевски, Дин Аломеровиќ, Давор Здравковски (Саше Шопоски 15), Тела Шаип, Стефан Јевтовски, Емил Абаз, Нехар Садики, Петар Петковски, Валентин Кочовски, Мартин Христов;

Филип Илиќ, Дарко Дигаловски, Бесарт Исени, Кристијан Каранфиловски, Стефан Лазаревиќ, Ремзифаик Селмани;

КИПАР: Андрес Николас Христодолу, Фивос Христодолу, Рафаел Анастасиу, Деодорос Папаниколау, Андреас Фраку (капитен), Ставринос Константину,Танасис Лиасидис, Созос Папахаралампус, Константинос Антиму, Демитрис Хараламбус, Панајотис Артиматас, Сотирис Фиакас;

Михаил Јанис, Деодорос Папаниколау, Андреас Даниел, Христос Велер, Павлос Христодолу, Ѓеоргиос Малекидис, Демитрис Хараламбус,Параскевас Хутрис, Теодорос Јосифидис,Христос Ксидас;

На првиот дуел меѓу двете селекции Кипар славеше со минимални 1:0.




   
   
А репрезентација