Македонија до 19 години минимално загуби од Кипар

Објавено на 24 Март, 2015 во Вести, До 19 год


Македонија – Белорусија

Квалификации за Европско првенство 2016.

27. март. 2015. 20:45 часот

Скопје, Национална арена „Филип Втори“

Влезни во продажната мрежа на Mk Tickets: http://www.mktickets.mk/mkd-bel


Македонската репрезентација до 19 години (генерација 1997 година) загуби од Кипар на првиот контролен натпревар одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Единствениот погодок на натпреварот го постигна Ѓеоргиос Малекидис во 73. минута по грешка на нашата одбрана. Двете репрезентации немаа сериозна шанса за погодок во првото полувреме, во продолжението нашиот состав најдобрата прилика за погодок ја имаше преку Емил Абаз во 84. минута, но гостинскиот голман го одбрани ударот на Абаз. Вториот контролен натпревар против Кипар нашите надежи ќе го одиграат на 26. март во 13:00 часот.

МАКЕДОНИЈА – КИПАР 0:1 (0:0)

(0:1 Ѓеоргиос Малекидис, 73 минута)

МАКЕДОНИЈА: Филип Илиќ, Слободан Боцевски, Дин Аломеровиќ, Давор Здравковски, Дарко Дигаловски, Стефан Јевтовски, Емил Абаз, Саше Шопоски (77`Нехар Садики), Петар Петковски, Бесарт Исеини (56`Валентин Кочовски), Мартин Христов (68`Ремзифаик Селмани);

Боби Целески, Шаип Тела, Кристијан Каранфиловски, Стефан Лазаревиќ, Ремзифаик Селмани;

КИПАР: Михаил Јанис, Даниел Андреас, Велер Христос, Фивос Христодолу, Рафаел Анастасиу, Павлос Христодолу, Андреас Фраку (капитен), Ѓеоргиос Малекидис, Демитрис Хараламбус, Теодорос Јосифидис, Панајотис Артиматас.

Андрес Николас Христодолу, Деодорос Папаниколау, Ставринос Константину, Танасис Лиасидис, Созос Папахаралампус, Параскевас Хутрис, Константинос Антиму, Христос Ксидас, Сотирис Фиакас;




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација