Македонија до 19 години минимално поразена од Италија

Објавено на 10 Октомври, 2015 во Вести, До 19 год


Репрезентации до 19 години: ИТАЛИЈА – МАКЕДОНИЈА 3:2

УЕФА квалификациски турнир, Скопје.

Стрелци: 1:0 - Видо (11`- 11м), 1:1 - Аломеровиќ (16`), 1:2 - Јевтоски (34`- 11м), 2:2 - Видо (69`), 3:2 - Видо (71`)

Македонија: 12. Боби Целески, 3. Стефан Јефтоски, 5. Нехар Сахити, 6. Сабахудин Аломеровиќ (14. Христијан Каранфиловски 26`), 7. Емил Абаз, 8. Давор Здравковски, 9. Петар Петковски (к), 10. Валентин Кочоски (4. Стефан Лазаревиќ 76`), 13. Шаип Тела, 15. Бурим Авдулахи, 18. Ремзифаик Селмани (11. Мартин Христов 66`)

Македонската репрезентација до 19 години загуби против Италија на квалификацискиот турнир за Европското првенство кој го организираме во Скопје. Нашите млади фудбалери беа на прагот да остварат голем резултат против силната Италија, водевме до 70-та минута, но на крајот сепак се радуваше противникот. Натпреварот од последниот, трет круг против репрезентацијата на Финска (13.октомври, 15.00 часот) ќе решава за нашиот конечен пласман на табелата.

На денешниот натпревар против Италија, головите за нашата селекција предводена од Горан Станиќ ги постигнаа Сабахудин Аломеровиќ и Стефан Јевтоски. Италија го отвори резултатот по сомнително досуден пенал во 11. минута. Лука Видо ја реализираше најстрогата казна за 1:0. Македонија израмни по само пет минути со голот од слободен удар на Аломеровиќ. Во 34. минута беше досуден пенал за Македонија, а во водечки гол го претвори Јефтоски. По првото полувреме Македонија имаше предност од 2:1, резулатот го одржувавме до 69-та минута кога со својот втор гол на натпреварот Лука Видо израмни на 2:2. Младиот италијански фудбалер комплетираше хет-трик по само две минути од израмнувањето за 3:2. Во 74-та минута црвен картон заработи Садики, а десет минути подоцна бевме и со само девет играчи во поле откако изклучување доби и Лазаревиќ. Македонија до крајот не успеа да создаде сериозна прилика за израмнување.

На денешниот прв натпревар од вториот круг, Англија запиша победа против Финска од 1:0. На табелата во групата, Англија има шест бодови, Италија четири, Финска еден освоен бод, Македонија има два порази од фаворитите Англија и Италија.





   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација