Македонија до 19 години: Минимален пораз од Чешка, за Елитна фаза ќе решава третото квалификациско коло

Објавено на 17 Ноември, 2018 во Вести, До 19 год


Македонската репрезентација до 19 години доживеа пораз од Чешкасо 2:1 во вториот натпревар од квалификацискиот турнир за елитната фаза за пласман на Европското првенство, но ги задржавме шансите за пласман меѓу елитните репрезентации.

Чешка го отвори резултатот во 24. минута кога погоди Златохлавек, додека во 54. минута предност од два гола за домашните донесе Кусеј. Македонија го ублажи поразот во 66. минута, кога погоди Ѓорѓиевски.

Македонија имаше прилика преку Чурлинов од слободен удар во првото полувреме, а свои шанси не искористивме во продолжението преку Симоновски во 59. минута кога домашниот голман Ковар излезе како победник во дуелот и во последните минути од натпреварот преку обидите на Ивановски во 87. минута и повторно Симоновски во судиското надоплнување кога шутираше, но неговиот удар во последен момент беше блокиран.

Македонија во квалификациите има еден бод поради ремито со Хрватска во првото коло. Во последното коло нашите надежи играат со Луксембург. Лидер е Чешка со две победи на два меча, додека второпласирана е Хрватска со четири бода. 

Македонија до 19 години: Јакимовски, Антовски, Наумчески, Симоновски, Ивановски, Мухарем, Османоски (Гроздановски 64'), Фазлагиќ (Ферати 75'), Наумоски (Бериша 46'), Колевски (Талески 75'), Чурлинов (Ѓорѓиевски 64'); Селектор: Горан Станковски. 



   
   
Актуелности

08.07.2019    Вести

Започна изградбата на новата трибина на стадионот во Чаир

Муамед Сејдини, претседател на ФФМ: Заеднички, спортски и братски да изградиме европски стадион...

Календар

03 Сеп

00:00 Австрија - Македонија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

05 Сеп

20:45 Израел - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

09 Сеп

20:45 Летонија - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

10 Сеп

16:00 Македонија - Фарски Острови
    У21 квалификации за Европско
А репрезентација