Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против Кипар

Објавено на 19 Март, 2015 во Вести, До 19 год

Репрезентацијата на Македонија до 19 години (1997. година) на 24. и 26. март ќе одигра два контролни натпревари против Кипар до 19 години на терените во тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Предводникот на Македонија до 19 години, Горан Станиќ за пресметките против Кипар ги повика следните 18-ет фудбалери:

Голмани: Филип Илиќ (Ф.К. Металург), Боби Целески (Македонија Ѓ.П.);

Одбрана: Слободан Боцевски (Ф.К. Работнички), Шаип Тела (Ф.К. Ксамакс, Швајцарија), Дарко Дигаловски (Ф.К. Металург), Кристијан Каранфиловски (Ф.К Металург), Стефан Јефтовски (Ф.К Металург);

Среден ред: Саше Шопоски (Ф.К Металург), Аломеровиќ Дин (Ф.К. Вардар), Давор Здравковски (Ф.К. Македонија Ѓ.П), Кочовски Валентин (Ф.К. Хоризонт Турново), Мартин Мирчевски (Ф.К. Пелистер), Петар Петковски (Ф.К. Вардар), Емил Абаз (Ф.К. Андерлехт, Белгија), Нехар Садики (Ф.К. Работнички) , Бесарт Исени (Ф.К. Шкупи);

Напад: Селмани Ремзифаик (Ф.К. Ренова), Мартин Христов (Ф.К. Доњи Срем);

Подготовките за натпреварите против Кипар, нашата селекција ги започнува на 23. март. Натпреварите започнуваат во 13.00 часот.




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација