Македонија до 19 години го започнува квалификацискиот турнир за Елитна фаза за ЕП

Објавено на 08 Ноември, 2017 во Вести, До 19 год


По низата одлични резултати и успеси на македонските младински национални тимови, пласманот на Македонија до 21 година на Европското првенство, пласманот на Македонија до 17 години во Елитната квалификациска рунда на УЕФА за ЕП, посакувањата и желбите се и Македонија до 19 години да ја мине квалификациската група на која сме домаќини и ќе играме против Швајцарија, Белгија и Лихтенштајн. Селекцијата предводена од селекторот Вујадин Станојковиќ денеска отвора против Швајцарија во 13:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

-Веруваме во оваа генерација. Тоа се фудбалери кои имаат исклучителен квалитет. Заедно сме неколку години, димскиот дух и карактерот на екипата е на високо ниво. Има предуслов да се надеваме на успех, но мора да бидеме истовремено и внимателни. Противниците се анализирани, но најважно е ние како ќе изгледаме на терен. Сите се надеваме дека ќе го дадеме максимумот и ќе успееме да ја минеме квалификациската фаза, вели селекторот Станојковиќ.

Дарко Чурлинов е еден од нашите адути за овој меч. Најмладиот дебитант во историјата на А репрезентацијата на Македонија смета дека нашето залагање и посветеноста треба да бидат на највисоко ниво.

-Ќе дадеме се од себе за добар резултат. Сите сме подготвени и со нетрпение го очекуваме првиот дуел. Едноставно мора да веруваме во квалитетите, да излеземе на терен и да се бориме за националниот дрес. Верувам во позитивни резутлати од турнирот, вели фудбалерот на германски Келн.

Натпреварот Македонија – Швајцарија започнува во 13:00 часот, а ќе се пренесува во директен пренос на tv.ffm.mk




   
   
Актуелности

13.10.2018    Вести

Вечно ќе се памети првата победа на Македонија во Крањ против Словенија

На 13. октомври 1993 година во Крањ, започна историјата на нашата фудбалска репрезентација. Стартуваше со блескав триумф...

Календар

16 Окт

14:30 Македонија - Гибралтар
    У21 квалификации за Европско
18:00 Ерменија - Македонија
    УЕФА Лига на Нации

20 Окт

11:00 Фарски Острови - Израел
    У17 квалификации за Европско
14:30 Шпанија - Македонија
    У17 квалификации за Европско

23 Окт

11:00 Шпанија - Фарски Острови
    У17 квалификации за Европско
14:30 Израел - Македонија
    У17 квалификации за Европско

26 Окт

14:30 Македонија - Фарски Острови
    У17 квалификации за Европско
14:30 Израел - Шпанија
    У17 квалификации за Европско

16 Ное

20:45 Лихтенштајн - Македонија
    УЕФА Лига на Нации
20:45 Македонија - Гибралтар
    УЕФА Лига на Нации
А репрезентација