Македонија до 19 години го победи Луксембург, но остана без пласман во Елитна фаза

Објавено на 20 Ноември, 2018 во Вести, До 19 год


Македонската репрезентација до 19 години забележа триумф над Луксембург од 2:0 на квалификацискиот турнир за пласман во Елитна фаза за Европското првенство, но и покрај трите бода, нашите млади фудбалери останаа без пласман во елитната фаза од квалификациите.

На Македонија за елитна фаза ѝ одговараше само триумф над Луксембург и пораз на Хрватска во дуелот со Чешка Нашите надежи водеа со два гола предност, Хрватска губеше од Чесите кои се домаќини, но во 90. минута, Хрватска израмни за 2:2.

На дуелот против Луксембург, Македонија до 19 година првиот гол го постигна во 19. минута кога погоди Алекс Талески, додека конечниот епилог го постави Енис Фазлагиќ со гол во 82. минута од мечот.

Македонија на мечот настапи во состав Јакимовски, Ивановски, Наумчески, Симоновски, Антовски, Бериша, Фазлагиќ, Талески, Чурлинов, Ферати и Колевски, а од клупата за резерви влегоа уште 

Македонија заврши третопласирана во групата со четири бода, додека Хрватска е место погоре со пет бода. Лидер е Чешка, со седум бода.




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација