Македонија до 19 години: Два контролни натпревари против БиХ

Објавено на 09 Септември, 2016 во Вести, До 19 год


Македонската репрезентација до 19 години на 13. и 15. септември на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје ќе одигра два контролни натпревари против врсниците од Босна и Херцеговина. Селекторот на Македонија до 19 години, Јетон Несими за пресметките против БиХ ги повика следните фудбалери:

Голмани: Артан Иљази (Милано), Кристијан Стевковски (Скопје); Одбрана: Тодор Тодоровски (Металург), Михаил Маневски (Академија Пандев), Медин Бајрами (Марибор, Словенија), Антонио Митрев (Металург), Андреј Кировски (Вардар), Ване Јованов (Академија Пандев); Среден ред: Бејнамин Мистафиќ (Ст. Полтен, Австрија), Филип Стојчевски (Металург), Дарко Додев (Металург), Алпај Јусуф (Милано), Кристијан Трпановски (Академија Пандев), Шефит Шефити (Шкендија), Јани Атанасов (Академија Пандев), Елиф Елмаз (Работнички); Напад: Марио Крстовски (Хоризонт Турново), Кристијан Ачковски (Работнички), Марко Феруковски (Офенбах, Германија), Бојан Колевски (МЕталург);

Натпреварот во вторник започнува во 16:00 часот, додека на 15. септември (четврток) пресметката започнува во 11:00 часот.




   
   
А репрезентација