Македонија до 18 години: Пораз од Русија на вториот натпревар од Куп на Словачка

Објавено на 26 Април, 2016 во Вести, До 19 год


Македонската репрезентација до 18 години загуби од селекцијата на Русија со 2:0 на вториот натпревар од турнирот „Куп на Словачка“. Нашата млада репрезентација одигра одлично прво полувреме во кое не искористивме три чисти шанси за погодок. Силниот противник ја казни лошата реализиција на Македонија со два гола во второто полувреме. Елиф Елмас во првото полувреме ја имаше најдобрата шанса, но пречката беше сојузник на младите фудбалери на Русија. Фудбалерот на Работнички со глава шутираше во рамката од голот на Русија. Втората наша одлична шанса не ја искористи Марио Крстовски, а својата втора шанса на натпреварот не ја искористи Елмаз пред крајот на полувремето.

Репрезентацијата на Русија која во првото коло ја совлада Чешка со високи 4:0, го постигна водечкиот погодок во 52. минута, а победата ја потврдија со гол од пенал три минути подоцна.

Селекторот на нашата репрезентација Јетон Несими натпреварот го започна во состав: Филип Трајчевски, Агон Хани, Нехар Садики, Албан Сулејмани, Давор Здравковски, Виктор Стојковски, Антонио Митрев, Дарко Додевски, Шефит Шефити, Елиф Елмаз и Марио Крстовски. Во игра влегоа: Даци, Ристовски, Димков, Личина и Тодоровски.

Македонија до 18 години одигра без голови на првиот натпревар против Норвешка. Во третиот круг играме со селекцијата на Чешка.




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација