Македонија до 18 години го освои третото место на турнирот во Рига

Објавено на 27 Март, 2017 во Вести, До 19 год


Репрезентацијата на Македонија за играчи до 18 години го освои третото место на турнирот „Четири нации“ во Рига, Летонија откако во последното коло загуби од Норвешка со 1:3 (1:2).

Норвежаните дојдоа до предност со голот од пенал на Педерсен во 31. минута, а Хауг во 37. минута зголеми на 0:2.

Најдобриот македонски стрелец на турнирот Димитар Митровски постигна ефектен гол во 44. минута на асистенција на Тодоровски за намалување на резултатот на 1:2.

Но, убавиот погодок на младите нашио надежи не овозможи во второто полувреме да дојдеме до поволен резултат и на крајот завршуваме со пораз и од 1:3 по голот на Винјор во 88. минута.

Македонија до 18 години запиша победа против Летонија од 3:1, одигравме нерешене 1:1 против Украина, а поразени сме од Норвешка.

Димитар Митровски турнирот во Рига го заврши со четири постигнати гол на трите одиграни натпревари.

Македонија до 18 години: 1. Христијан Стевковски, 2. Тодор Тодоровски, 3. Филип Антовски, 6. Кирил Ристовски, 7. Марко Феруковски, 8. Енис Фазлагиќ, 9. Никола Богдановски (Бојан Колевски 74`), 10. Димитар Митровски, 11. Кристијан Трпановски; 13. Христијан Делевски, 14. Антонио Митрев; Селектор: Вујадин Станојковиќ.




   
   
Актуелности

23.11.2017    Вести

Македонија до 18 години славеше против Турција

Репрезентацијата до 18 години славеше со 1:0 над врсниците од Турција на пријателски меч во Скопје....

22.11.2017    Вести

Нашиот Јане: „Кога играм фудбал се чувствувам како сите други“

Тоа што е врзан за количка не го спречува 9 годишниот Јане да игра фудбал во секоја прилика....

Календар
А репрезентација