Македонија до 18 години: Денеска првата од двете контролни пресметки против Турција

Објавено на 21 Ноември, 2017 во Вести, До 19 год


Македонската репрезентација до 18 години денеска против Турција до 18 години ќе го одигра првиот од двата контролни натпревари на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Натпреаврот на нашата селекција која ја предводи Добринко Илиевски започнува во 13:00 часот. Селекторот Илиевски за двата меча против Турција смета на следните фудбалери:

Голмани: Методија Велковски (Вардар), Давид Денковски (Академија Пандев); Одбрана: Алтин Сефо (Шкупи), Филип Антовски (Вардар), Стефан Наумчески (Вардар), Стефан Симоновски (Работнички), Адријан Хајдари (Рапид, Австрија), Џејми Перчески (Дурен, Германија); Среден ред: Борјан Пановски (Работнички), Марио Наумоски (Победа), Анес Османоски (Унтерахинг, Германија), Енис Фазлагиќ (Шкендија); Напад: Бојан Колевски (Вардар), Томче Гроздановски (Кожув), Енсар Љума (Шкендија), Ѓорѓиевски (Борец), Јакуб Бериша (Вардар), Лука Трајковски (Победа);

Македонија и Турција на 23. ноември во 13:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе ја одиграат втората контролна пресметка. 




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација