Македонија до 17 години в сабота ги започнува натпреварите од турнирот за влез во Елитна фаза на УЕФА

Објавено на 18 Октомври, 2018 во Вести, До 17 год


Македонската репрезентација до 17 години в сабота на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ги започнува натпреварите од предквалификацискиот турнир за влез во Елитна фаза квалификации на УЕФА. Македонија е во група со Шпанија, Израел и Фарски Острови. Првиот дуел го играме против Шпанија на 20. октомври во 15:15 часот, во истиот термин на 23. октомври ќе се соочиме со селекцијата на Израел, а со Фарски Острови ќе играме на 26. октомври во 14.30 часот.

Селекторот на Македонија до 17 години, Марио Вујовиќ за турнирот на кој ќе бидеме домаќини ќе смета на следните 20. фудбалери:

Голмани: Марко Алчевски (Академија Пандев), Филип Ваневски (Њу Старс); Одбрана: Спасе Терзиев (Академија Пандев), Анатолиј Петајчук (Вардар), Али Асани (Вардар), Бесфорт Арифи (Мастрих, Холандија), Александар Ѓурковски (Вардар), Иван Николов (Академија Пандев), Горазд Стојменов (Њу Старс), Нешад Мурати (Шкендија); Среден ред: Димитар Тодоровски (Работнички), Марио Илиевски (Септември, Бугарија), Филип Андоновски (Вардар), Лука Станковски (Работнички), Влада Новевски (Војводина, Србија); Напад: Бехар Фетаи (Њу Старс), Сава Аврамовски (ОФК Београд, Србија), Марио Костески (Работнички), Методи Максимов (Работнички), Азер Омерагиќ (Вардар);

-Нашата цел е добар резултат на турнирот и борба за влез во елитните квалификации за пласман на Европско првенство. Подготвени сме, иако се соочивме со одредени проблеми во однос на составот. Костовски е повреден,a  поради административни пречки Јорданов нема да биде во конкуренција за голманската позиција. Сметам дека во овој тим голема поддршка и квалитет ќе донесеше Никола Секулов доколку беше во репрезентацијата, но иако добиваше покана за настап на секој контролен натпревар до овој турнир, Секулов не ја прифаќаше, односно не сакаше да игра за Македонија, а на крајот дури бевме условени од неговиот родител со повик и за неговиот брат во генерацијата 2000., за Никола Секулов да се стави на располагање на нашата репрезентација. Како и да е, ние сме сконцентрирани на натпреварите кои ни следуваат, ќе биде многу тешко со првиот фаворит Шпанија, но шансата ќе ја бараме со репрезентациите на Израел и Фарски Острови, изјави селекторот Марио Вујовиќ.




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација