Македонија до 17 години: Пораз од Израел во второто коло од претквалификацискиот турнир

Објавено на 23 Октомври, 2018 во Вести, До 17 год


Македонската репрезентација до 17 години загуби од Израел со 1:4 на натпреварот од второто коло од претквалификацискиот турнир за пласман во Елитна фаза квалификации на УЕФА на турниот кој го организираме на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. По несреќниот пораз од Шпанија во воведното коло, за нашата репрезентација останува последната шанса за победа на овој турнир во дуелот со Фарски Острови. Со евентуален триумф на последниот меч, шанси за влез во Елитната фаза на УЕФА постојат, како една од четирите најдобро третопласирани селекции, но тие се сведени на теорија.

Македонија одлично го отвори денешниот дуел и по 33. минути игра поведе со голот на Бехар Фета. Резултатот беше активен до полувреме, а потоа се случи комплетен пресврт во само три минути. Харуш и Габај за нецели три минути направија пресврт во периодот од 52. до 55. минута, а потоа Торгеман со два гола за две минути во 77. и 79. минута ги поставијаконечните 4:1.

По две кола на квалификацискиот турнир кој се игра на тренинг-центарот „Петар Милошевски“, Израел е лидер со шест бода и гол разлика 10-1, а Шпанија е втора со шест бода и гол разлика 7-0, откако Шпанија по победата над Македонија денеска беше убедлива против Фарски Острови со 6:0. Македонија и Фарски Острови немаат бод, а меѓусебниот натпревар ќе го одиграат на 26. октомври од 14:30 часот.

Македонија до 17 години: Алчевски, Фета (Омерагиќ 82`), Николов, Тодоровски, Стојменов, Ѓурковски, Новевски, Станковски (Илиевски 46`), Максимов, Костески (Асани 70`), Арифи. Селектор: Марио Вујовиќ




   
   
Актуелности
Календар

14 Ное

14:00 Македонија - Хрватска
    У19 квалификации за Европско

16 Ное

20:45 Лихтенштајн - Македонија
    УЕФА Лига на Нации

17 Ное

17:00 Чешка - Македонија
    У19 квалификации за Европско

19 Ное

20:45 Македонија - Гибралтар
    УЕФА Лига на Нации

20 Ное

17:00 Луксембург - Македонија
    У19 квалификации за Европско
А репрезентација