Македонија до 17 години несреќно, со гол во продолжение загуби од Шпанија

Објавено на 20 Октомври, 2018 во Вести, До 17 год


Македонската репрезентација до 17 години несреќно, со гол примен во 95. минута загуби со 0:1 од големиот фаворит Шпанија на првиот натпревар од предквалификацискиот турнир за пласман во Елитна фаза на УЕФА кој го организираме на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. На првиот дуел од нашата група, Израел славеше со 6:0 против Фарски Острови.

Нашата селекција до 17 години одигра квалитетно и храбро во мечот со една од најдобрите европски репрезентации. Македонија и Шпанија имаа свои шанси за погодок, ние не искористивме убава прилика по ударот на Владан Новевски во првото полувреме, а Салазар Пириз погоди во петтата минута од судиското надополнување за радост на младите репрезентативци на Шпанија.

Во второто коло за три дена, Македонија ќе се соочи со Израел од 15:15 часот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“, а од 11:00 часот Шпанија игра со Фарските Острови.

Предквалификации за Елитна фаза на УЕФА за репрезентации до 17 години;

ШПАНИЈА - МАКЕДОНИЈА 1:0 (0:0)

1:0 Салазар Пириз 95′;

жолти картони: Салгуеро, Карењо (Ш), Максимов, Тодоровски, Алчевски, Фета (М).

ШПАНИЈА:Хименез, Марса, Аласид, Пико, Сантош, Ескобар, Карабините, Карењо, Салгуеро, Менаргес, Пиња.

МАКЕДОНИЈА: Алчевски, Ѓурковски, Асани, Тодоровски (76′ Андоновски), Николов, Стојменов, Аврамовски (76′ Фета), Илиевски, Новевски, Максимов, Костески (90′ Петејчук); Селектор: Марио Вујовиќ





   
   
Актуелности

10.09.2019    Вести

Македонската репрезентација до 21 година со убедлива победа против Фарски Острови ги отвори квалификациите за ЕП 2021

Селекцијата на Благоја Милевски славеше со 7:1, хет - трик на Димитар Митровски....

Календар

01 Окт

11:00 Романија - Словачка
    Жени У19 квалификации за Европско
15:30 Франција - Македонија
    Жени У19 квалификации за Европско

02 Окт

15:00 Македонија - Казахстан
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

04 Окт

11:00 Франција - Романија
    Жени У19 квалификации за Европско
15:30 Словачка - Македонија
    Жени У19 квалификации за Европско

05 Окт

15:00 Македонија - Србија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

07 Окт

11:00 Словачка - Франција
    Жени У19 квалификации за Европско
15:00 Македонија - Романија
    Жени У19 квалификации за Европско
17:00 Црна Гора - Македонија
    У21 квалификации за Европско
20:45 Македонија - Словенија
    А репрезентација квалификации за Европско
А репрезентација