Македонија до 17 години на 2. октомври го започнува квалификацискиот турнир за елитна УЕФА фаза

Објавено на 28 Септември, 2017 во Вести, До 17 год


Македонската репрезентација до 17 години на 2. октомври во Скопје го започнува квалификацискиот турнир за пласман во Елитната фаза УЕФА квалификации за пласман на Европското првенство. На турнирот кои го организираме противници на Македонија до 17 години ќе и бидат селекциите на Босна и Херцеговина, Молдавија и Словачка.

Селекторот на Македонија до 17 години, Горан Станиќ за трите пресметки ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Матеј Андов (Врадар), Марко Алчески (Академија Пандев), Андреј Буторац (Пелистер);

Одбрана: Кристијан Трпчевски (Њу Старс), Ване Тасевски (Сасуоло, Италија), Божидар Митревски (Работнички), Суад Јонузи (Сент Гален, Швајцарија), Ален Личина (Работнички), Георгије Јанкулов (Црвена Звезда, Србија);

Среден ред: Емил Скоко (Македонија Ѓ.П.), Агон Елези (Каен, Франција), Никола Секулов (Јувентус, Италија), Димитар Тодоровски (Работнички), Влада Новевски (Војводина, Србија), Амар Колашинац (Олимпија, Словенија);

Напад: Кире Трпчевски (Њу Старс), Куштрим Таири (Шкендија), Ален Јусуфов (Винер Спортклуб, Австрија), Муарем Сујхељ (Шкупи), Џемал Ибизи (Вардар), Давид Тошевски (Работнички);

Првиот натпревар Македонија ќе го одигра против Босна и Херцеговина на 2. октомври во 15:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Во истиот термин на стадионот „Борис Трајковски“ ќе се соочат Молдавија и Словачка.

Пресметките Словачка - Македонија (тренинг центар „Петар Милошевски“) и БиХ - Молдавија (стадион „Борис Трајковски“) се на 5. октомври во 15:00 часот.

Последното, трето коло е предвидено да се одигра на 8. октомври со почеток во 15:00 часот, а ќе се соочат Словачка - БиХ (стадион „Борис Трајковски“) и Македонија - Молдавија (тренинг центар „Петар Милошевски“). 




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација