Македонија до 17 години: Два контролни натпревари против БиХ

Објавено на 19 Февруари, 2018 во Вести, До 17 год


Македонската репрезентација до 17 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Босна и Херцеговина. Двата меча ќе се одиграат на тренинг центарот „Петар Милошевски“ на 20. февруари (вторник, 13:00 часот) и 22. февруари (четврток, 11:00 часот). Селекторот на Македонија до 17 години за двата натпревари против БиХ ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Матеј Андов (Вардар), Ука Вилдан (Ст. Гален, Швајцарија), Филип Џамтовски (Македонија Ѓ.П.); Одбрана: Кристијан Трпчевски (Њу Старс), Божидар Митревски (Вардар), Ален Личина (Работнички), Суад Јонузи (Ст. Гален, Швајцарија), Александар Ѓурковски (Вардар), Георгие Јанкулов (Црвена Звезда, Србија); Среден ред: Агон Елези (Каен, Франција, Емил Скоко (Македонија Ѓ.П.), Димитар Тодоровски (Работнички), Хајдари Ерсан (Арау, Швајцарија), Влада Новевски (Војводина, Србија), Амар Колашинац (Олимпија Љубљана, Словенија), Јетон Даути (Ст. Гален, Швајцарија); Напад: Кире Трпчевски (Њу Старс), Сухељ Мухарем (Шкупи), Куштрим Таири (Шкендија), Џемал Ибиши (Вардар), Давид Тошевски (Работнички), Арбин Воша (Македонија Ѓ.П.);

Македонија до 17 години се подготвува за квалификацискиот турнир од Елитна фаза за пласман на ЕП кои ќе одржува во Полска од 19. до 28. март. Противници на Македонија ќе бидат селекциите на Полска, Грузија и Република Ирска. 





   
   
А репрезентација