Македонија до 17 години доминираше против БиХ, но на крајот без голови

Објавено на 20 Февруари, 2018 во Вести, До 17 год жени


Македонската репрезентација до 17. години одигра без голови, 0:0 на првиот контролен натпревар против Босна и Херцеговина до 17 години на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Нашата селекција предводена од Горан Станиќ одигра добар натпревар, доминиравме посебно во второто полувреме кога голманот на БиХ спречи наше водство, а пречката од голот исто така беше сојузник на гостинот.

Во првото полувреме имавме прилика преку Даути и Тодоровски, а БиХ најубавата шанса ја пропушти преку Шариќ, неговиот удар со глава го одбрани Андов.

Во продолжението Македонија коплетно доминираше, создадовме многу шанси, но чуда на голот правеше Лука Качавенда, голманот на Војводина ги одбрани зицерите на Ерсан Хајдари и Давид Тошевски, а проектилот на Новевски заврши во пречката. Единствената шанса во вториот дел гостите ја имаа преку Хасиќ.

МАКЕДОНИЈА:  Матеј Андов, Георге Јанкулов, Ален Личина, Емил Скоко, Божидар Митревски, Суад Јонузи, Кире Трпчевски, Јетон Даути, Ерсан Хајдари, Димитар Тодоровски, Сухејиљ Мухарем;

Резерви: Видан Ука, Филип Џамтовски, Александар Ѓурковски, Кристијан Трпчевски, Влада Новевски, Амар Колашинац, Агон Елези, Арби Воша, Куштрим Таири, Давид Тошевски и Ибиши Џемал Селектор: Горан Станиќ

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА: Лука Качаванда, Немања Николиќ, Милош Дарабош, Драган Матковиќ, Стефан Ранкиќ, Хамза Гиговиќ, Армин Шариќ, Ајдин Хасиќ, Кристијан Станиќ, Ведад Радоња, Емел Халиловиќ; 

Резерви: Балмин Диздаревиќ, Белмин Ридад, Мате Чолак, Асим Муратовиќ, Мирза Авдичевиќ, Ермин Кадриќ, Златан Рамиќ, Един Мујиќ, Бране Вистица,Един Муратовиќ и Слободан Томиќ. Селектор: Тони Карачиќ





   
   
Актуелности
Календар

26 Сеп

15:30 Македонија - Босна и Херцеговина
    Жени У17 квалификации за Европско
15:30 Унгарија - Франција
    Жени У17 квалификации за Европско

12 Окт

00:00 Русија - Македонија
    У21 квалификации за Европско

13 Окт

20:45 Македонија - Лихтенштајн
    УЕФА Лига на Нации

16 Окт

14:30 Македонија - Гибралтар
    У21 квалификации за Европско
18:00 Ерменија - Македонија
    УЕФА Лига на Нации

16 Ное

20:45 Лихтенштајн - Македонија
    УЕФА Лига на Нации
20:45 Македонија - Гибралтар
    УЕФА Лига на Нации
А репрезентација