МК EN SQ 0.0708

Македонија до 17 г. (ж): Пораз со 3:0 од Северна Ирска во првото коло од УЕФА квалификацискиот турнир

Објавено на 28 Септември, 2015 во Вести, До 17 год жени


Женската репрезентација на Македонија до 17 години загуби од Северна Ирска во натпревар од првото коло во рамките на УЕФА квалификацискиот турнир за пласман во елитната фаза кој се одржува во Скопје.

Селекцијата на Северна Ирска славеше победа од 3:0 на стадионот Борис Трајковски во н. Маџари. Водечкиот погодок на противникот беше дело на Ема Мекмастер во 33` од средбата. Во продолжението Северна Ирска постигна уште два гола. На 2:0 зголеми Клое Орр во 58`, а конечните 3:0 ги постави Морган Бегс во 80`.

„ Жалам за поразот, денешниот резултат не ја отсликува вистинската слика на теренот. Еден натпревар кој што моите фудбалерки одлично го започнаа, до 30` пропуштија неколку изгледни шанси за постигнување гол. Казната за пропуштените шанси не стигна кон крајот на првиот дел. Во вториот дел ни се повредија двете клучни фудбалерки што за нас претставуваше дополнителен проблем. Нивото на игра во продолжението кај девојките опадна, тоа умешно го искористи репрезентацијата на Северна Ирска и постигна уште два гола. Сметам дека на овој натпревар победи физички посилниот тим. Честитки до моите фудбалерки кои покажаа голема борбеност", изјави селекторот Кирил Изов. 

Во следното коло од квалификацискиот турнир, нашата репрезентација ќе ги одмери силите со фаворитот во групата Италија. Натпреварот е закажан за 30 септември со почеток од 11.00 часот на стадионот Борис Трајковски во н. Маџари. 

МАКЕДОНИЈА - СЕВЕРНА ИРСКА 0:3 (0:1)

(1:0 Ема Мeкмастер 33`; 2:0 Клое Орр 58`; 3:0 Морган Бегс 80`)

МАКЕДОНИЈА:  1. Евгенија Крстевска  2. Ана Благонова  3. Теодора Ѓорѓиевска  4. Ивана Биневска  9. Мила Талевска (13. Драгана Гегова 57`)  17. Анита Гоцевска  6. Марија Белистојаноска (16. Моника Котева 51`)  7. Елма Шемшовиќ  8. Теодора Димоска (15. Надица Костеска 62`)  10. Јана Чубриновска  11. Улза Максути; 

На вториот натпревар од нашата група кој се играше на тренинг центарот „Петар Милошевски", селекцијата на Италија славеше убедлива победа од 5:0 над Босна и Херцеговина.




   
   
А репрезентација