Македонија до 16 години ремизираше со Азербејџан

Објавено на 16 Мај, 2017 во Вести, До 17 год


Македонската репрезентација до 16 години одигра 1:1 против Азербејџан на првата пријателска средба од двете закажани на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Во првото полувреме бевме подобар противник, ја контролиравме играта, имавме поголем посед на топка и две одлични шанси, но Кире Трпчевски не успеа да ги искористи.

Играта ја пресликавме и во второто полувреме, но повторно не успеавме да постигнеме погодок за отворање на резултатот. Азербејџан ја казни нашата неефикасност и со гол од слободен удар во 76. минута поведе со 1:0.

Гостите водеа се до 79. минута кога Давид Тошевски со прецизен удар од белата точка ги постави конечните 1:1. Агон Елези беше фаулиран во шеснаесетникот на гостите. Во четврток се игра втората средба, исто така во Скопје на теренот на ФФМ.

МАКЕДОНИЈА до 16 години: 1. Матеј Андов, 2. Криситијан Трпчевски, 3. Ален Личина, 4. Емил Скоко, 5. Ване Тасевски, 6. Божидар Митревски, 7. Кире Трпчевски, 8. Димитар Тодоровски, 9. Куштрим Таири, 10. Агон Елези, 11. Џемел Ибиши; Селектор: Горан Станиќ;

12. Димитрија Герасимовски, 13. Стефан Голабоски, 14. Христијан Стојановски, 15. Борис Јакимовски, 16. Давид Манасиевски, 17. Александар Поповски, 18. Бојан Димовски, 19. Бафтијар Бесир, 20. Давид Тошевски;




   
   
Актуелности

15.09.2017    Вести

Влог во развој на женскиот фудбал во Македонија

Фудбалската Федерација на Македонија вложува во развојот на фудбалот во сите сегменти и нивоа од играта, и во таа насока...

Календар

06 Окт

15:00 Македонија - Србија
    У21 квалификации за Европско
20:45 Италија - Македонија
    А репрезентација квалификации за Светско

09 Окт

20:45 Македонија - Лихтенштајн
    А репрезентација квалификации за Светско
А репрезентација