Македонија до 16 години ја победи Бугарија со 2:0 на гостински терен

Објавено на 26 Октомври, 2017 во Вести, До 17 год


Македонската репрезентација до 16 години ја победи Бугарија до 16 години со 2:0 на вториот контролен натпревар на гостински терен во Софија. Селекцијата предводена од Марио Вујовиќ одигра 1:1 на воведната пресметка меѓу двете селекции. Андрија Живиќ во 26. минута го постигна водечкиот гол за нашата репрезентација. Во првото полувреме домашните имаа една прилика за израмнување, но Алчевски го одбрани ударот на Георгиев.

Предноста ја удвоивме по четири минути игра во второто полувреме, откако Живиќ асистираше до Иван Николов кој погоди за 2:0. Нашиот голман Алчевски беше одличен и во второто полувреме бранејќи ги шансите на Атанасов и Петров.

Бугарија до 16 години – Македонија до 16 години 0:2

Македонија до 16 години: Алчевски, Тодоровски, Николов, Сали, Живиќ, Илиевски, Петејчук, Ѓурковски, Станковски, Арифи, Максимов; Селектор: Марио Вујовиќ

Величковски, Ајдини, Стојменов, Андоновски, Георгиев, Костески, Мурати, Костовски; 




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација