Македонија до 16 години го победи Кипар

Објавено на 21 Август, 2015 во Вести, До 17 год

Македонската репрезентација до 16 години забележа победа од 3:2 против Кипар на вториот пријателски натпревар одигран во Никозија.

Селекцијата предводена од Вујадин Станојковиќ одигра одличен натпревар и потполно заслужено им се реваншираше на кипраните за поразот на првиот натпревар. Димитар Митровски во 29. минута го даде водечкиот гол за Македонија, но до полувремето домашната селекција успеа да израмни на 1:1. Филип Јовановски во 46. минута со прекрасен погодок ни донесе нова предност, Кипар одново погоди за 2:2, а по слободниот удар на Јани Атанасов, Филип Стојчевски постигна погодок за конечна победа од 3:2.

За репрезентацијата на Македонија играа: Благојче Иванов, Михаил Маневски, Ељив Елмаз, Андреј Кировски, Антонио Митрев, Димитри Горговски, Јани Атанасов, Бобан Здравевски, Димитар Митровски, Кирил Ристовски, Марко Ферукоски.

Во игра влегоа: Јованавски, Трапановски, Стојчевски, Факиќ;




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација