Македонија – Украина, билетите по супер промотивна цена. Да ја бодриме Македонија

Објавено на 01 Октомври, 2015 во Билети, Вести, Вести

Македонската А репрезентација на 9. октомври во 20.45 часот на Националната арена „Филип Втори“ против Украина го игра претпоследниот натпревар од квалификациите за Европското првенство.

Поголемиот број на билети за последниот домашен натпревар од тековните квалификации по супер промотивна цена од 100 до 300 денари. 

Билетите можат да се набават во продажната мрежа на МК Тикетс - https://karti.com.mk/makedonija-ukraina.nspxhttp://mktickets.mk/mkd_ukr

Покрај опцијата за лесно и брзо купување по електронски пат, карти може да купите и во салоните на:

  • ONE
  • Југотон
  • Тобако Гоги - Драчево
  • Тобако МПМ ПРЕС
  • билетарата на Универзална Сала
  • Тобако Дрводекор

  • Оранж Тобако - Тетово

  • Њу Тобако - Охрид

  • Tobacco Shop 8

  • Тобако 2 - Скопјанка

Билети ќе се продаваат и во Фудбалска Федерација на Македонија, во периодот од 05. до 08. октомври, 2015 г. со работно време од 08.30 до 16.00 ч.

Билетарата на Национална Арена ќе биде отворена на денот на натпреварот - 09. октомври, 2015 г. и таму билети ќе можат да се купат од 12.00 до 20.30 ч.

За купување на билети ќе треба да приложите лична карта. Со една лична карта можат да бидат купени највеќе 5 билети.

Влезовите на националната арена на денот на натпреварот ќе бидат отворени од 18.45 до 21.00 ч.




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација