Македонија – Финска во живо на ffm.mk

Објавено на 27 Октомври, 2014 во Футсал


Македонската А футсал репрезентација вечерва од 21.30 часот против Финска го игра првиот натпревар од меѓународниот турнир кој Фудбалската федерација на Македонија го организира во СЦ „Борис Трајковски“. Репрезентациите на Шпанија и Турција го отвораат турнирот со натпреварот кој започнува во 19.30 часот. Поддржувачите на македонската футсал репрезентација вечерва од 21.30 имаат можност натпреварот Македонија – Финска да го гледаат во живо преку интернет страната на Фудбалската федерација на Македонија, www.ffm.mk. Натпреварите за трето место и финалниот дуел, исто така ќе може да се гледаат во живо на www.ffm.mk




   
   
А репрезентација