Live your goals - Кампањата на ФИФА за прв пат во Македонија

Објавено на 20 Јуни, 2015 во Вести, Детски лиги, Live Your Goals

„LIVE YOUR GOALS“ кампањата на ФИФА за развој на женскиот фудбал е означена како една од најпрепознатливите иницијативи на Светската фудбалска организација за развој на женскиот фудбал.

Преку кампањата „LIVE YOUR GOALS“ се зголемува популарноста на женскиот фудбал на локално, национално и глобално ниво. На тој начин и возбудата за најпопуларната игра во светот е многу поголема.

Девојчињата и младите жени добиваат инспирација да се вклучат во фудбалот и да покажат дека можат да ги остварат своте цели преку фудбалската игра.

Женскиот фудбал бележи рапиден развој и обезбедува одлични можности за девојките и жените да имаат здрав начин на живот и да учествуваат во спортот како рекреативци и професионалци.

Женските играчи ширум светот претставуваат модел за упорност, дисциплина, тимска работа, почитување, фер игра и фудбалска техника.

Женскиот фудбал го подобрува статусот во општеството и претставува начин за соочување и справување со еден од основните проблеми – полова дискриминација.

Развојот на женскиот фудбал и учеството на девојките и жените во фудбалската игра е еден од главните приоритети на ФИФА.

Преку кампањата „LIVE YOUR GOALS“ отвораме врата за девојките и младите жени во Македонија да се вклучат во играта.

Живеј ги своите цели



   
   
Актуелности

15.09.2017    Вести

Влог во развој на женскиот фудбал во Македонија

Фудбалската Федерација на Македонија вложува во развојот на фудбалот во сите сегменти и нивоа од играта, и во таа насока...

Календар

06 Окт

15:00 Македонија - Србија
    У21 квалификации за Европско
20:45 Италија - Македонија
    А репрезентација квалификации за Светско

09 Окт

20:45 Македонија - Лихтенштајн
    А репрезентација квалификации за Светско
А репрезентација