Леон Најдовски поради повреда го пропушта натпреварот против Северна Ирска

Објавено на 09 Октомври, 2015 во Вести


Леон Најдовски поради повреда на задната ложа не е во можност да и помогне на репрезентацијата на Македонија до 21 година на квалификацискиот натпревар против Северна Ирска на 13. октомври на гостински терен. Селекторот Милевски нема да вклучи нов играч на местото на повредениот Најдовски. Нашите надежи во недела патуваат за Северна Ирска. Во Скопје репрезентативците ќе одработат уште два тренинзи, првиот денеска во 16.00 часот на стадионот во Ѓорче Петров.




   
   
А репрезентација