Квалификации за ЕП во Холандија 2017 (жени)

Објавено на 27 Октомври, 2015 во Вести, А репрезентација жени

Женската фудбалска репрезентација на Македонија е поразена во вториот натревар од квалификаците за пласман на Европското првенство во Холандија 2017 година.

На теренот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, нашите репрезентативки се поразени од селекцијата на Шкотска со 1:4 (1:4). Сите погодоци беа постигнати во првото полувреме.

Првиот гол за нашата репрезентација во овој квалификациски циклус го постигна Гентијана Рочи во 44. Минута. Стрелци на  головите за Шкотска беа Ким Литл во 22. минута, Рајчел Корси во 27-та и минута подоцна и Каролин Вир во 31. минута.

МАКЕДОНИЈА:  1. Викторија Донева  2. Наталија Наумофф  4. Катерина Милеска (Александра Ристовска)  5. Сијче Андонова  7. Гентјана Рочи  9. Ели Јаковска  ( Александра Марковска 85. минута) 10. Наташа Андонова  14. Драгана Костова  16. Јана Чубриновска (Афродита Салихи 59. минута)  17. Маја Ангеловска  19. Шкипе Бојку

По воведните два натревари следува едномесечна пауза, по што до крајот на годината ќе бидат одиграни и натпреварите со Белорусија (26.11) на домашен терен и Шкотска (29.11) на гости.




   
   
Актуелности

23.11.2017    Вести

Македонија до 18 години славеше против Турција

Репрезентацијата до 18 години славеше со 1:0 над врсниците од Турција на пријателски меч во Скопје....

22.11.2017    Вести

Нашиот Јане: „Кога играм фудбал се чувствувам како сите други“

Тоа што е врзан за количка не го спречува 9 годишниот Јане да игра фудбал во секоја прилика....

Календар
А репрезентација