Купи карта и бодри ја Македонија

Објавено на 31 Мај, 2017 во Билети, Вести


Утре започнува продажбата на влезници за натпреварите Македонија - Турција (5. јуни) и Македонија - Шпанија (11. јуни).

Доколку сакате во понеделник, 5. јуни да присуствувате на фудбалскиот натпревар Македонија - Турција и да ја бодрите репрезентацијата на Македонија тоа може да го направите со купен билет преку продажната мрежа на mktickets и на официјалниот штанд на ФФМ во Skopje City Mall.

Влезниците во продажба од утре, 1. јуни, по цена од 100, 200 и 400 денари.

Натпреварот Македонија - Турција започнува во 19:45 часот.

Фудбалскиот спектакл Македонија - Шпанија од квалификациите за СП 2018 во Русија е на 11. јуни во 20:45 часот.  Пандев, Несторовски, Хасани и останатите од составот на селекторот Игор Ангеловски ги бодриме на нашата Национална арена.

Влезниците во продажба по цена од 200, 500 и 800 денари преку продажната мрежа на mktickets и на официјалниот штанд на ФФМ во Skopje City Mall.

За сите информации за ВИП и коорпоративни билети обратете се на marketing@ffm.com.mk

ПОБЕДУВАЈ И БОРИ СЕ – БОРИ СЕ И ПОБЕДУВАЈ




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација