Конференција за сигурност и безбедност: Со заедничко делување можеме да направиме исчекор

Објавено на 27 Февруари, 2017 во Вести


Фудбалската федерација на Македонија е организатор на важен семинар за сигурност и заштита на фудбалските натпревари на кои присуствуваат повеќе 40 угледни стручни лица од правосудните тела, полицијата, комисиите за безбедност на фудбалските клубови, агенциите за приватно обезбедување и УЕФА.

Конференцијата во хотел „Гранд Плаза“ ја отвори раководителот на одделението за безбедност и интегритет на ФФМ Роберт Марковиќ.

- Ја поздравувам иницијативата на Фудбалската федерација на Македонија која успеа да ги собере на овој семинар клучните луѓе во нашата работа. Ова ни дава за право да веруваме дека оваа група на луѓе заедно и конструктивно може да ги решава предизвиците и дека нашите заеднички заклучоци и предлози ќе ги пренесат во своите клубови, тела и организации. Сите сме свесни за важноста и сериозноста кога е во прашање сигурноста и безбедноста на стадионите, јас се надевам дека на презентацијата ќе слушнеме и конструктивна дискусија која ќе ни помогне на сите нас во борбата против неприфатливото однесување на трибините. Ова за нас е добра прилика да ја видиме ситуацијата од различна перспектива, меѓусебно подобро да се разбираме и низ таа соработка да бидеме подготвени за предизвиците кои се пред нас. Верувам дека на оваа конференција ќе помогнеме со разменетото искуство и знаење и дека ќе пронајдеме најдобри методи. Сето тоа заради нашиот фудбал, но првенствено заради нашето општество, рече во своето воведно обраќање Роберт Марковиќ.

Главната тема на еднонеделната конференција е начинот на кои се обучуваат редарите на фудбалските натпревари, организацијата и оперативните планови за натпреварите, правата и одговорноста на комисиите за безбедност, ризиците од однесувањето на стадионите и заштитата од секаков тип на дискриминација.

Предавачи на семинарот се советникот за безбедност на УЕФА Жељко Павлица, Верица Милеска - Стефановска, претседател на комора за приватно обезбедување на Р.М., Крис Бејкер, Џералд Томс и Еди Смит тренери за безбедност на УЕФА.





   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација