Комеморација за Слободан Вујчиќ - Брацо на 18. јуни во х. Континентал во 11:00 часот

Објавено на 17 Јуни, 2019 во Вести


Големиот помагател на македонскиот фудбал и воопшто на спортот во нашата држава Слободан Вујчиќ - Брацо почина на 15. јуни 2019. на 70. годишна возраст.

Фудбалската федерација на Македонија организира комеморација во негова чест на 18. јуни (вторник) во 11:00 часот во хотел „Континентал“ во Скопје.

Слободан Вујчиќ - Брацо во изминативе 20-тина години беше спонзор на голем број клубови. Со Вујчиќ како главен спонзор, Вардар во 2003 година беше на чекор до влез во групната фаза од Лигата на шампиони. Освен во Вардар, тој помагаше и во клубовите на Цементарница, Македонија ЃП, Работнички, Тетекс, Слога Југомагнат, Еуромилк, Локомотива…

Како претставник на УФА Медиа, а потоа и на СВ-РСА и на Спорт 5, беше застапник на ТВ права на многу мечеви кои ги играа нашите клубови.

Забележлива беше неговата помош и во ракометниот и во одбојкарскиот клуб Вардар. Од првиот натпревар на фудбалската репрезентација на Македонија во Крањ 1993 година ги застапуваше маркетиншките и телевизиските права, а 2004 година ја донираше целокупната опрема на македонските олимпијци на игрите во Атина 2004 година.

Беше голем хуманитарец, носител е на наградата “Мајка Тереза“, Скопје и Македонија ги чувствуваше како своја втора татковина.



   
   
Актуелности

14.10.2019    Вести

Македонската репрезентација до 21 година го одржа последниот тренинг во пресрет на дуелот со Казахстан

Ристовски и Руфати: Не се сомневаме дека тимот повторно ќе го даде најдоброто од себе за нова победа во квалификациите....

Календар

15 Окт

14:30 Македонија - Казахстан
    У21 квалификации за Европско
А репрезентација