КМФ Железарец ја освоија првата Футсал Лига

Објавено на 16 Мај, 2015 во Прва футсал лига, Вести

Денеска по натпреварот од последното 27 коло против КМФ Скопје 2011, екипата на КМФ Железарец и официјално беше прогласена за шампион во Првата Футсал Лига за натпреварувачката сезона 2014/15.

Железарец доминираше цела сезона, и со 22 победи и само 4 нерешени натпревари заслужено го подигна шампионскиот пехар, оставајќи ја второпласираната екипа на повеќе од 20 бодови зад себе.

Оваа титула за КМФ Железарец е седма по ред, во последните седум сезони од Првата Футсал Лига, што доволно говори за квалитетот со кој што овој клуб располага.

-  И оваа сезона екипата на КМФ Железарец покажа дека е убедливо најквалитетниот клуб во Македонија како на организациски план, така и со играчкиот кадар со што уште еднаш потврди дека нема сериозна конкуренција во домашното првенство. Секако дека нашите амбиции не застануваат тука, следниот предизвик се натпреварите од лигата на шампионите каде што сакаме да покажеме дека македонскиот футсал поседува висок квалитет и истовремено да оствариме еден историски пласман меѓу 16те најдобри екипи во Европа – изјави сопственикот на клубот, Васко Скендеровски.

Инаку ждребот за лигата на шампиони е на 4ти јули, во Нион, кога и ѓе се знае дали КМФ Железаарец ќе се натпреварува директно во главната фаза, или ќе игра предквалификации. Натпреварите од главната фаза започнуваат на 26ти август, 2015 година.

-  Јас сум задоволен од тоа како течеше првенството цела сезона, со максимално почитување на правилниците на ФФМ и без никакви нерегуларности. Им честитам на КМФ Железарец за новата титула, и им посакувам многу успеси на меѓународен план оваа сезона – изјави Славе Крстев, претседател на футсал комисијата на Фудбалската Федерација на Македонија.

Пехарот на играчите на КМФ Железарец им го додели Генералниот секретар на Фудбалската Федерација на Македонија, Филип Поповски, а честитки играчите добија и од претседателот на натпреварувачката комисиија на ФФМ, Васко Дојчиновски и од претседателот на футсал комисијата, Славе Крстев.

- Искрено ме радува дека имаме виден напредок во футсалот. Овој тренд треба да продолжи, со систематска едукација на тренери и стручни лица, како и со создавање на подобри услоиви за развојот на оваа динамична игра како би се создала поголема конкурентност во првенството. Успехот на КМФ Железарецд треба да биде поттик за постоечките футсал екипи, како и за новите екипи кои се во формирање да се стремат кон достигнување на повисоко ниво на квалитет со што ќе се постигне и поголема конкурентност на македонскиот футсал во меѓународна конкуренција. Сакаме да пренесеме порака дека сите се поканети во големото фудбалско семејство  - нека не обедини радоста што ја носи фудбалот - изјави Филипо Поповски, Генерален Секретар на Фудбалска Федерација на Македонија.

 




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација