Клубовите од Втора МФЛ ќе ја почитуваат одлуката за регулирање на надоместокот за службени лица

Објавено на 01 Август, 2019 во Вести


Клубовите од Втора МФЛ - исток преку допис до Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) потврдија дека на заеднички состанок на кои присуствувале претставници на сите десет клубови од Втора МФЛ - исток, донеле заклучок да ја почитуваат одлуката на Управниот одбор на ФФМ за регулирање на надоместокот за службени лица (котизација) за учество во натпреварувањето во сезоната 2019/2020.

Во дописот се наведува дека клубовите кои до овој момент немаат уплатено надоместок за службени лица (котизација) се обврзуваат да ја регулираат обврската најдоцна до понеделник, 5. август 2019. година.

Фудбалската федерација на Македонија преку Одборот за итност го разгледа барањето и одлучи да им одобри на клубовите од Втора МФЛ продолжување на рокот за уплата на надоместокот за службени лица (котизација) до 5. август 2019. година. 




   
   
Актуелности
Календар

03 Сеп

00:00 Австрија - Македонија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

05 Сеп

20:45 Израел - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

09 Сеп

20:45 Летонија - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

10 Сеп

16:00 Македонија - Фарски Острови
    У21 квалификации за Европско
А репрезентација