МК EN SQ 0.0735

Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки за претстојниот УЕФА квалификациски турнир

Објавено на 25 Септември, 2015 во Вести, До 17 год жени


Селекторот на женската репрезентација на Македонија до 17 години го соопшти списокот на фудбалерки на кои ќе смета за претстојниот 9 - ти квалификациски турнир кој ќе се одржи во Скопје во периодот од 28 септември до 3 октомври. Противници на нашите млади фудбалерки ќе бидат селекциите на Италија, Северна Ирска и Босна и Херцеговина.

Спроти УЕФА  турнирот за пласман во елитната фаза квалификации за Европското првенство кое во 2016 ќе се одржи во Белорусија, селекторот Кирил Изов ги повика следните фудбалерки: Евгенија Крстевска, Елма Шемшовиќ, Теодора Ѓорѓиевска, Драгана Гегова, Јулија Живиќ, Мила Талевска, Теодора Бумбароска, Ана Благонова, Јана Чубриновска, Ивана Биневска, Викторија Игнатовска, Речи Суарта, Марија Белистојаноска, Јована Ѓорѓиоска, Теодора Димоска, Надица Костеска, Анастасија Николовска, Јована Спасовска, Јована Спасовска, Анита Гоцевска, Моника Котева.

Селекторот Изов очекува максимална ангажираност и посветеност од сите фудбалерки и се надева на пласман во следната фаза.

„На овој квалификациски турнир влегуваме максимално подготвени и мотивирани за постигнување успех - пласман во елитната фаза. Првиот натпревар против Северна Ирска е од клучно значење за нас, дуел на кој треба да одиграме максимално концентрирано и компактно и да се обидеме да извлечеме позитивен резултат. Репрезентацијата на Италија е фаворит во нашата група, а со БиХ пред еден месец одигравме натпревар во кој излеговме како победници, па се надевам дека така ќе биде и овој пат. Имаме реални шанси за пласман во следната фаза, но со максимална ангажираност и посветеност на сите фудбалерки и стручниот тим на секој натпревар.", изјави селекторот на македонската женска репрезентација до 17 години.

Првиот натпревар нашата женска селекција го игра на 28 септември на стадионот Борис Трајковски во Маџари против Северна Ирска со почеток од 11.00 часот.




   
   
А репрезентација