Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки за квалификацискиот натпреварот со Словенија

Објавено на 05 Април, 2016 во Вести, А репрезентација жени


Македонската женска А репрезентација во вторник, на 12 април го игра првиот натпревар оваа година во рамките на групата 1 од квалификацискиот циклус за пласман на Европско првенство, против Словенија на гостински терен.

Спроти овој квалификациски меч за пласман на Европското првенство во Холандија 2017 година, селекторот Кирил Изов ги повика следните фудбалерки: Викторија Панчурова (Тиверија), Александра Ристовска (Тиверија), Павлинка Николовска (Тиверија), Елма Шемшовиќ (Борец), Ленче Андреевска (Драгон), Маја Ангеловска (Драгон), Накшије Кривањева (Драгон), Афродита Салихи (Драгон), Ана Веселинова (Драгон), Јана Чубриновска ( Кочани), Симона Тасева (Ј. Конзули), Симона Николовска (Ј.Конзули), Душанка Пејкова (Сц. Истатов), Бојана Иванова (Сц. Истатов), Ивана Биневска (Сц. Истатов), Викторија Донева (Помурје), Даниела Велеска (Топ Гол), Ели Јаковска (Спартак), Шкипе Бојку (Нове Замки), Сашка Кокаловска (Топ Гол).

Нашата женска селекција, денеска ги започнува подготовките за претстојниот квалификациски меч против Словенија. Овој натпревар за селекторот Кирил Изов ќе биде прв како предводник на женската А селекција на Македонија.

Квалификацискиот натпревар помеѓу Словенија и Македонија ќе биде одигран во Лендава, со почеток од 19:00 часот.







   
   
Актуелности

13.10.2018    Вести

Вечно ќе се памети првата победа на Македонија во Крањ против Словенија

На 13. октомври 1993 година во Крањ, започна историјата на нашата фудбалска репрезентација. Стартуваше со блескав триумф...

Календар

16 Окт

14:30 Македонија - Гибралтар
    У21 квалификации за Европско
18:00 Ерменија - Македонија
    УЕФА Лига на Нации

20 Окт

11:00 Фарски Острови - Израел
    У17 квалификации за Европско
14:30 Шпанија - Македонија
    У17 квалификации за Европско

23 Окт

11:00 Шпанија - Фарски Острови
    У17 квалификации за Европско
14:30 Израел - Македонија
    У17 квалификации за Европско

26 Окт

14:30 Македонија - Фарски Острови
    У17 квалификации за Европско
14:30 Израел - Шпанија
    У17 квалификации за Европско

16 Ное

20:45 Лихтенштајн - Македонија
    УЕФА Лига на Нации
20:45 Македонија - Гибралтар
    УЕФА Лига на Нации
А репрезентација