Kампања на МВР и ФФМ за превенција на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари

Објавено на 10 Ноември, 2017 во Вести


Одделението за превенција СВР Скопје во соработка со Фудбалската федерација на Македонија, утре (11.11.) од 16,30 до 18,00 часот на Националната арена „Филип Втори“  ќе ги реализира активностите во рамки на кампањата за превенција од нарушувањата на ЈРМ при насилно и недостојно однесување на спортските натпревари.

Во посочениот период на влезот на југоисточна трибина ќе се формира “фан зона“ со родители и деца опфатени со проектните активности од основните и средните училишта од градот, коишто со заедничко дружење со полициски службеници ќе ги реализираат активностите од кампањата за спречување на насилство за време на спортски натпревари. Од страна на Одделението за превенција при СВР Скопје ќе се делат пропаганден материјал, реквизити за навивање, тропалки со порака RESPECT.

Целта на активностите е подигање на свеста кај навивачките групи,надминување на јазот помеѓу полицијата и навивачките групи во соработка со спортските клубови, спортските федерации, креирање на фер-плеј мислење и однесување кај навивачките групи, особено младите, и генерално подигање на свеста кај граѓаните и инстутуциите за законската обврска при реализирање и организирање на спортски натпревари со цел споделување на одговорноста.

Инаку Одделение за превенција при СВР Скопје, со поддршка од ФФМ, во насока на зголемување на јавната безбедност, вклучувајќи ги и спортските настани како и обезбедувањето на безбедно користење на јавниот превоз и спречување на нарушувањата на јавниот ред и мир, не само во училиштата, туку и на јавните места, продолжувајќи со спроведувањето на втората фаза на проектот “За безбеден град“, како тематски дел ќе го вклучи и превенирањето од насилството за време на спортски натпревари.




   
   
Актуелности
Календар

26 Сеп

15:30 Македонија - Босна и Херцеговина
    Жени У17 квалификации за Европско
15:30 Унгарија - Франција
    Жени У17 квалификации за Европско

12 Окт

00:00 Русија - Македонија
    У21 квалификации за Европско

13 Окт

20:45 Македонија - Лихтенштајн
    УЕФА Лига на Нации

16 Окт

14:30 Македонија - Гибралтар
    У21 квалификации за Европско
18:00 Ерменија - Македонија
    УЕФА Лига на Нации

16 Ное

20:45 Лихтенштајн - Македонија
    УЕФА Лига на Нации
20:45 Македонија - Гибралтар
    УЕФА Лига на Нации
А репрезентација