Кадетите на Работнички го освоија Купот на Македонија

Објавено на 23 Мај, 2017 во Вести


Кадетската екипа на Работнички е победник во Купот на Македонија. Во финалето на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, Работнички го совлада тимот на Академија Пандев со 3:0.

Со головите на Богдановски, на Станковски и на Тодоров, Работнички на убедлив начин се радуваа на трофејот и потврдија дека во кадетската конкуренција се најдобрата екипа во Македонија. 

Попладне од 17:00 часот меѓусебе повторно ќе играат Работнички и Академија Пандев, но во конкуренција на младинци. Натпреварот гледајте го во директен пренос на ТВ платформата на ФФМ, tv.ffm.mk




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација