Јетон Несими: Верувам во квалитетот на оваа генерација на фудбалери

Објавено на 03 Декември, 2015 во Вести, До 19 год


Денеска во Нион репрезентациите на Македонија до 17 и 19 години ги добија противниците за квалификацискиот циклус за пласман на Европско првенство. Репрезентацијата до 17 години предводена од Добринко Илиевски е во групата  4 со селекциите на Италија, Србија и Албанија. Македонската репрезентација до 19 години во групата 11 ќе се соочи со Полска, Словачка и Северна Ирска.

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 19 години, Јетон Несими верува во квалитетот на оваа генерација на фудбалери и се надева на освојување на едно од првите две места во групата.

-Групата не е воопшто лесна, противници ќе ни бидат силни селекции кои имаат големо искуство и традиција. Групата е рамноправавна, сите репрезентации ќе имаат еднакви шанси за пласман понатаму, секој секого може да победи. Ова е одлична можност за нас, да ја покажеме својата сила и да ја оствариме целта, а тоа е освојување на едно од првите две места. Пред нас е период на напорна работа. Треба добро да се подготвиме и добро да ја анализираме играта на нашите противници. Верувам во оваа генерација која поседува голем квалитет кој треба да го покажеме на овие квалификации.

Квалификацискиот турнир за репрезентации до 19 години за пласман на Европското првенство кое ќе се одржи во Грузија ќе биде одигран во периодот од 26 до 31 октомври. Домаќин на групата 11 ќе биде селекцијата на на Полска.




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација