Извонреден почеток на Македонија до 21 година, победа на гости од 3:0

Објавено на 05 Септември, 2017 во Вести, До 21 год


Новата генерација на фудбалери до 21 година со победа ги отвори квалификациите за пласман на Европското првенство во 2019 година. На гостувањето кај Ерменија славеа со убедливи 3-0. Стрелец на трите голови беше Тихомир Костадинов. 

Селекторот Благоја Милевски и неговите избраници доминираа во текот на целиот меч, дека ова ќе биде триумфален почеток најавивме уште во првото полувреме по кое имавме водство од 2-0.

Двојното водство на полувреме не не опушти напротив, и во второто полувреме продолживме во исто темпо. Домаќинот еднаш се закани и тоа на средината од вотрото полувреме со удар од дваесетина метри и тоа беше се. 

ЕРМЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА 0-3 (0-2)

Стадион на Академија на ЕФФ. Гледачи: 300. Стрелци: Костадинов 8′, 26′, 72′ (М). Ж. картони: Амановиќ, Симовски (М).

ЕРМЕНИЈА: Авагјан, Карташјан, Хабокјан, Хајрапетјан, Илјагозјан, Ашланјан, Галштајн, Бичаклчјан, Саргсајн, Хабокјан, Петросјан

Селектор: Артур Восканјан

МАКЕДОНИЈА: Илиќ, Попзлатанов, Амановиќ, Симовски, Чешмеџиев, Кулески, Тотре, Селмани (82′ Петковски), Елмас, Георгиев (68′ Абаз), Костадинов (77′ Здравковски)

Селектор: Благоја Милевски

ТАБЕЛА: Ерменија (од 3 натпревари) 4 бода, Србија (1 нат.) 3 бода, МАКЕДОНИЈА (1 нат.) 3 бода, Русија (1 нат.) 1 бод, Гибралтар (3 нат. ) без бодови.




   
   
Актуелности

15.09.2017    Вести

Влог во развој на женскиот фудбал во Македонија

Фудбалската Федерација на Македонија вложува во развојот на фудбалот во сите сегменти и нивоа од играта, и во таа насока...

Календар

06 Окт

15:00 Македонија - Србија
    У21 квалификации за Европско
20:45 Италија - Македонија
    А репрезентација квалификации за Светско

09 Окт

20:45 Македонија - Лихтенштајн
    А репрезентација квалификации за Светско
А репрезентација