Извлечени двојките за 1/4 финални натпревари од Купот на Македонија

Објавено на 21 Октомври, 2016 во Вести


Пелистер - Силекс, Металург - Вардар, Шкупи 1927 - Шкендија и Победа - Брегалница се двојките за четвртфиналните натпревари од Купот на Македонија.

На денешното извлекување во „Куќа на фудбалот“ актуелниот бранител на насловот од натпреварувањето, тимот на Шкендија за противник го доби скопскиот ривал Шкупи. Првиот натпревар ќе се одигра на 23. ноември 2016 година, реваншот е закажан за 7. декември.

На 23. ноември во 13:30 часот ќе се одиграат и првите натпревари од пресметките Пелистер - Силекс, Металург - Вардар и Победа - Брегалница. Возвратните натпревари се играат на 7. декември 2016 година со почеток во 13:00 часот.



   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација