Известување за женски младински развојни турнири

Објавено на 28 Јули, 2015 во Вести


Ве известуваме дека Управниот одбор на ФФМ на седницата одржана на 14.07.2015 година донесе одлука за организирање на женски младински развојни турнири за категорија на девојчиња родени 2001/2002 и 2003/2004 година.

Организирањето на турнирите е поддржано од ФИФА преку развоен програм на ФИФА  за женски фудбал за 2015 година.

Турнирите ќе се организираат во есенскиот и пролетниот дел на првенството 2015/16 година и тоа:

-  во есенскиот дел на првенството во месеците:

·  октомври и ноември 2015 година 4 (четири) турнири од кои 2 (два) во октомври (еден за генерација 2001/02 и еден за генерација 2003/04) и два во ноември 2015 година за истите категории .

-  во пролетниот дел на првенството 2015/16 година во месеците :

·  март, април и мај 2016 година ќе се одржат 6(шест) турнири  и  тоа по  2 (два) во секој од наведените месеци  од кои по еден во месецот за генерација 2001/02 и еден за генерација 2003/04

Трошоците за организирање на турнирите и покривањето на трошоците за службените лица се на терет на ФФМ.

Клубовите кои  аплицирале и земале учество независно дали учествуваат со едната или со двете категории ( 2001/02 и 2003/04) добиваат спортска опрема за учесниците во турнирот.

Начинот на одигрување на турнирите ќе се утврди со пропозиции во зависност  од бројот на пријавени екипи.

Учеството можете да го пријавите до 15.08.2015 година со назнака за Комисија за женски фудбал на ФФМ или на е-маил:

  anica.trajkova@ffm.com.mk

Пријавата за учество во продолжение

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО.docx 



   
   
А репрезентација