Изработен првиот тренинг во Италија

Објавено на 04 Октомври, 2017 во Вести, Вести


Македонската најдобра репрезентација веќе е во Италија спроти петочниот натпревар од квалификациите за Светското Првенство кое наредната година ќе се одржи во Русија.

Македонија во италјанско тло ги продолжува подготовките за предпоследниот натпревар од овој квалификациски циклус. Македонската експедиција денеска патуваше кон Торино, а после сместувањето попладне одржа тренинг каде што стручниот штаб ги продолжи подготовките за натпреварот со четрикратниот светски првак. Атмосферата во националниот тим е одлична а тоа пред медиумите од Македонија присутни во Торино ја отсликуваат Езџан Алиоски и Александар Трајковски.

“Добро, веќе сме тука во Италија и со сите мисли кон петочниот натпревар. Не треба да се трошат зборови за противникот кој е многу силен, но истите знаеме како се спасија и не победија во Скопје. Тој натпревар и другите наши добри изданија треба да бидат модел како да и се спротиставме на Италија. Овој натпревар е многу важен за нас играчите и нема потреба од додатна мотиваци, затоа што секој едвај чека да дојде моментот да излеземе на терен и дадеме све од себе во потрага по позитивен резултат”, изјави играчот на англиски Лидс, Езџан Алиоски.

За Трајковски кој игра во Италија за тимот на Палермо овој натпревар е од голема важност и без разлика на се никој не смее пред време да се опушти.

“Да се игра против Италија секогаш е тешко но и голема мотивација. Меѓутоа без разлика на се, колку и да изгледа тешко никој што е дел на репрезентацијата не смее да помисли да се опушти предвреме ниту на овој натпревар, ниту на ниеден друг. Треба да се даде све од себе и да веруваме дека можеме да дојдеме до позитивен резултат”, вели Александар Трајковски.

Репрезентативците утре од 10 часот наутро ќе го одржаат официјалниот тренинг во “Олимпискиот” стадион во Торино, а попладне од 17:00 следува официјалната прес конференција.

Натпреварот Италија-Македонија се игра во петок со почеток од 20:45 минути.



   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација