Иван Карас Јовановски: Храбро е да се втурнеш во непознатото и да ги процениш ситуациите

Објавено на 31 Март, 2016 во Вести, Вести

На последниот собир на македонската репрезентација во улога на кондиционен тренер го видовме Иван Карас Јовановски. Познат како голем професионалец, ентузијаст, иноватор и мотиватор и повеќе од одлично се снајде во оваа улога.

Сите пофалби и позитивни коментари кои беа упатени на негова адреса се заслужени и на место. Со Карас накратко поразговаравме за неговиот ангажман во репрезентацијата и неговите погледи и размислувања за сегментот од фудбалската игра за кој тој е задолжен, физичката подготвеност на фудбалерите.

За прв пат си дел од репрезентацијата, како се снаоѓаш, каква е атмосферата која те дочека, каков е односот на фудбалерите кон обврските кои им ги наметнуваш?

Дочекав одличен колектив, не се сомневм во селекторот Игор Ангеловски, атмосферата е одлична и сите ме прифатија со позитивна енергија. Искуство има, но времето за интервенирање е мало, воведовме неколку новини во работата и се надевам за поволен фидбек во иднина. Сите избраници покажаа професионалност и достојност без разлика на резултатот. Пријателските натпревари се за тоа, храбро а да втурнеш во непознатото и да ги процениш ситуациите.

Дали креираше посебна програма за подготовка инспирирана од богатото искуство кое го имаш или има посебна програма која репрезентацијата ја наложува?

Кондицијата е можеби најмалиот сегмент во кој што можеш да делуваш како тренер кога е во прашање репрезентацијата. Мониторингот и проценката е многу побитен фактор. Но, јас секогаш гледам позитивно на работите и дури и со негативните резултати против Словенија и Бугарија јас видов позитивен дух и желба за победа, иницијатива и залагање. Момците беа професионалци до последниот пас. Колективот се гради, резултатите ќе дојдат!

Дали условите за работа во репрезентацијата се на задоволително ниво, еве благо споредено со некој од европските клубови во кои си работел?

Тенденцијата е да ја доближиме работата во репрезентацијата како во нивнитe матични клубови, се што требa да се направи за да се создадат предуслови за успех ќе ги создадеме. Мислам дека тоa им е јасно на сите репрезенттивци, нивно е да се борат и да се покажат во најдобро светло.

Познат си по тоа што работата под твое водство е се само не рутинска, сосем напротив, дури може да се каже дека вметнуваш интересни, несекојдневни, забавни елементи. Како реагираат фудбалерите, дали го прифаќаат твојот стил на работа?

Системот на работа и сите идеи од секого во стручниот штаб се ставаат на маса и се дускутира отворено. Цел е да создадеме колектив што ќе се чита меѓусебно меѓу редови. Неформалниот принцип на работа е дел од стратегијата на селекторот.

Какви беа твоите почетоци, каде ја започна кариерата како кондиционен тренер?

За мене пресуден во мојата кариера беше повикот на Перица Груевски во Македонија Ѓорче Петров каде што започнав сериозно да се гледам на оваа позиција и на некој начин го пронајдов мојот професионален повик. Понатаму, следна точка на пресврт беше повикот на Ѓоре Јовановски во ЦСКА Софија, од кадешто работите фатија позитивен правец и среќен сум што имав можност да бидам во средини каде што имав можност да се надоградувам и да ги развивам своите вештини. А задоволството е обострано бидејќи и клубовите во кои работам им се допаѓа и го прифаќаат мојот начин на работа и заедно сме задоволни од постигнатото.

Ентузијаст си и посветен на работа, од каде ја црпиш енергијата, мотивацијата, што те инспирира?

Во луѓето препознавам енергија, често примерите од туѓите и сопствениот живот ми даваат насока како да се мотивирам и себеси, живеам со позитива за позитивното, таа спрега на силите ми е јасна и многупати на падовите гледам израстување и созревање.




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација