Иван Божовиќ – Нашите цели се високо поставени

Објавено на 27 Октомври, 2014 во Футсал

Иван Божовиќ, еден од најдобрите футсал тренери на овие простори е вклучен во работата на стручниот штаб во македонската репрезентација.

Спроти натпреварот со Финска, вечерва од 21.30 часот во СЦ „Борис Трајковски“, српскиот тренер вели дека за нас би било неуспех доколку не обезбедиме финале против Шпанија на меѓународниот турнир кој го организираме во Скопје.

-Целта на репрезентацијата на Македонија е финале против Шпанија. Вечерва сме насочени кон Финска, противник кој многу напредуваше во изминатиот период, но ние играме дома, работевме напорно, најпрвин да ги донесеме Шпанија, Финска и Турција да учествуваат на турнирот, а во подготвителниот период енергијата ја насочивме кон остварување успех на воведниот натпревар и обезбедување дуел против големата Шпанија. Во репрезентацијата на Финска работи еден од најдобрите европски тренери, по ранг речиси сме изедначени, но ние играме дома, подготовките ги реализиравме на високо ниво, играчите се подготвени и мислам дека на добар начин ќе одговориме на предизвикот.

Божовиќ вели дека играта на македонската футсал селекција има голем напредок во однос на блиското минато, смета дека Македонија ќе игра значајна улога во квалификациите за ЕП во Србија.

-Една од главните цели на овој состав е борба за место на Европскиот шампионат. Со селекторот Скендеровски високо ја поставивме летвичката и подготвени сме да одговориме на предизвикот. Не радува тоа што играчите исто така сфаќаат дека ни треба резултат на важните натпревари, дуелите против Финска и евентуално против Шпанија ќе ни потврдат дали е навистина така. Технички и тактички напредуваме, видовме на претходните неколку натпревари дека играта е на повисоко ниво, секој ја знае својата задача во тимот и мислам дека тоа ќе не води кон позитивни работи. Во тимот вклучивме неколку млади играчи и за сите нас тоа е многу важно во насока да се подготвиме на најдобар начин за мартовските пресметки од квалификациите.

Македоснката А футсал репрезентација вечерва од 21.30 во СЦ „Борис Трајковски“ го игра натпреварот против Финска, претходно во 19.30 играат Шпанија и Турција. Влезот за натпреварите е 100 денари, влезниците може да се купат на билетарата на СЦ „Борис Трајковски“. 




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација