Искра Јуниор е нов победник на купот на Македонија во конкуренција на помлади пионери

Објавено на 21 Мај, 2014 во Вести

Младите фудбалерите на Искра Јуниор се победници на македонскиот фудбалски куп во конкуренција на помлади пионери. Тие во финалниот натревар славеа победа од 1:0 (0-0) против екипата на Милано.

Убава  и борбена фудбалска претстава на терените во „Куќата на фудбалот“. Во првото полувреме и двете екипи имаа по неколку шанси. Благодарение на неколкутите добри одбрани на голманите на двата тима во првите 40 минути мрежите мируваа. Единствениот гол го постигна Зуди Хајрадини во 61 минута по големата грешка на голманот Илази Артан. Натреварот помина во фер и корекна атмсфера од сите актери на финалниот натревар.

Златко Несторовски (шеф на стручен штаб на Искра Јуниор): Им честам на мојте фудбалери за освоениот пехар. Титулата е уште подрага ако се има во предвид дека до неа стигнавеме по победата со ланскиот освојувач на купот. Одигравме одличен натревар, уште еднаш честитки за сите. Сега е време да го прославиме заслужениот успех.

Еркан Јусуфи (шеф на стручен штаб на Милано):Тешко време. Како лански освојувачи на купот мислевме дека ова година ќе биде полесно. Во првото полувреме двете екипи имаа по неколку шанси. Вторит дел се чекаше грешка. За наша несреќа ние киксиравме. Му честам на противникот за победата. Мислам дека и психолошкиот момент одигра големо значење.

Финале куп на Македонија помлади пионери

Милано-Искра Јуниор 0:1  (0:0)

Зуди Хајрадини 63 минута

Милано: Илази Артан, Саити Дрилон, Ќазими Флорант, Салији Лиридон, Мустафи Бесим, Агуши Раид, Османи Егзон, Алпај Јусуф, Пајазити Гентиан, Бислими Гнет и Садики Нехар. Резерни фудбалери: Јакупи Гзим, Реџепи Ринор, Рамадани Шефик, Белали Шклќим, Шабани Артан и Рашити Ардиан.

Искра Јуниор: Положани Абдулликерим, Спасески Јовче, Каба Шпатим, Пантељашовски Наум, Малески Петар, Коцев Стојче, Арифи Сокол, Макровски Петар, Мена Азрен, Несторовски Антонио и Синани Дрилон. Резерни фудбалери: Рочи Ваљдрин, Трповски марио, Илијески Љубчо, Аџиоски Стојче, Фазлиу Рамадан, Хајредини Зуду и Положани Артон.




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација