Ирена Бакревска Милошевска: КАПИТЕНИ НА ПРОМЕНИ нe прави многу горди

Објавено на 04 Мај, 2015 во FFM-Newsletter, Еднаквост


Фудбалската федерација на Македонија во рамки на проектот „Капитени на промени“ на натпреварот Македонија – Белорусија покани лица со инвалидитет да ја поддржат нашата репрезентација на Националната арена „Филип Втори“. Најмладите заедно со фудбалерите на Македонија и Белорусија излегоа на теренот при интонирањето на химните на двете држави.

-Капитени на промени вклучува низа УЕФА  проекти кои се одвиваат во голем број од европските земји. Целта на овие проекти е да влијаат во  креирањето на еднакви можности за сите во фудбалскиот свет, без разлика на полот, религијата, националната припадност, физичките способности. Истражувањата покажуваат дека разновидноста води кон просперитет, а фудбалските организации во Европа се стремат што подобро да ги интегрираат маргинализираните групи. Фудбалската федерација на Македонија е еден од пионерите во европски рамки кога е во прашање придружбата на лицата со инвалидитет со фудбалерите на натпревар на репрезентацијата, вели Ирена Милошевска, носител на проектот „Капитени на промени“ во нашата „Куќа на фудбалот“.

Капитени на промени кај нас е проект кој што се однесува на креирање на непречен пристап за лицата со инвалидитет на стадионите во Македонија.

-Фудбалот е спорт за сите и треба да е достапен за секого. Со модернизацијата на нашите стадиони ќе ги отвориме вратите за лицата со инвалидитет. Така ќе можат ги следат натпреварите во живо, но и да бидат активни учесници.  Наша одговорност и обврска е да чекориме кон европските стандарди. Искрено се надеваме дека нашите скромни чекори за некого ќе значат скок до трибина. Таму  зедно ќе се забавуваме и уживаме во фудбалската игра, додава Милошевска.

ИНСПИРИРААТ. ПОЧИТУВАМЕ И ПРАВИМЕ ПРОМЕНИ.

ФУДБАЛОТ НЀ ЗБЛИЖУВА!




   
   
Актуелности

24.05.2017    Вести

Супер Куп трофејот со најмладите - ФОТО

Тимовите од цела Македонија кои се борат да влезат во финалните натпревари од ФФМ Детската лига денеска пред да ги одигр...

Календар
А репрезентација