Информација за натпреварот Македонија - Шпанија

Објавено на 08 Јуни, 2017 во Билети, Вести


Во пресрет на фудбалскиот спектакл Македонија - Шпанија кој ќе се одигра на 11. јуни на Националната Арена со почеток во 20.45 ч. би сакале да ги споделиме следните важни информации:

- на 10. јуни и 11. јуни билетарата на стадионот нема да работи. Овие два дена ќе се постават три монтажни наплатни пунктови - кај фонтаната во гратски парк, на кеј зад Влада на РМ и на кеј кај пешачкиот мост

- на 11. јуни ќе се огради стадионот со безбедносен периметар и ќе биде обележена рутата на движење

- билетите кои се купени онлајн ќе мора да се заменат или на билетара заклучно со 09. јуни или на монтажните наплатни пунктови на 10. и 11. јуни за реални билети

- влезовите за публика на денот на натпреварот ќе бидат отворени од 18.45 ч., а ќе се затворат во 20.30 ч. - апелираме гледачите да стигнат на време за да се избегнат непријатности непосредно пред почеток на натпреварот

- гледачите се советуваат да ги чуваат билетите на безбедно место, доколку дојде до губење на билет истиот нема да може да се замени

- гледачите ќе можат да влезат на стадион само по презентирање на валиден билет, за секој гледач поединечно. Родителите превземаат комлетна одговорност за своите деца на натпреварот.

- мора да се следат сите инструкции од полицијата и редарската служба

- движењето околу стадионот со возило ќе биде во голема мера ограничено, ви препорачуваме возилата да ги паркирате на други паркинзи и да дојдете до стадионот пеш или со јавен транспорт

- важно е да ги следите назнаките за влезот на стадион кој одговара на местото на седење на вашиот билет

- гледачите и нивните торби ќе бидат прегледувани од страна на редарската служба. Ќе бидат истакнати табли со предмети кои се забранети да се носат на стадион

- забрането е носење на огномет, бакљи, пијалоци, оружје, ласери, апарати кои емитираат силни звуци како што се мегафони, вувузели и сл., понатаму големи предмети (куфери, шлемови и сл.) или било кои други предмети кои се на списокот на забранети предмети и кои можат да го нарушат јавниот ред




   
   
Актуелности
Календар

23 Сеп

11:00 Франција - Босна и Херцеговина
    Жени У17 квалификации за Европско
15:30 Унгарија - Македонија
    Жени У17 квалификации за Европско

26 Сеп

15:30 Македонија - Босна и Херцеговина
    Жени У17 квалификации за Европско
15:30 Унгарија - Франција
    Жени У17 квалификации за Европско

12 Окт

00:00 Русија - Македонија
    У21 квалификации за Европско

13 Окт

20:45 Македонија - Лихтенштајн
    УЕФА Лига на Нации

16 Окт

14:30 Македонија - Гибралтар
    У21 квалификации за Европско
18:00 Ерменија - Македонија
    УЕФА Лига на Нации
20:45 Лихтенштајн - Македонија
    УЕФА Лига на Нации
20:45 Македонија - Гибралтар
    УЕФА Лига на Нации
А репрезентација