ИН МЕМОРИАМ: Почина Ивко Панговски, доајен на македонското спортско репортерство

Објавено на 28 Март, 2019 во Вести


Во 88. година од животот почина доајенот на македонското спортско репортерство Ивко Панговски, спортски новинар, радиорепортер и стенограф. 

Ивко Панговски беше спортски репортер со препознатлив глас и стил во преносите, особено на фудбалските натпревари. Повеќе од половина век има поминато со микрофонот на Радио Скопје коментирајќи и пренесувајќи многубројни настани и натпревари од сите спортови на големи манифестации, како Олимписки игри и Светски првенства. Препознатлив како еден од најдобрите репортери на Радио Скопје од натпреварите на ФК Вардар.  

Ивко Панговски е добитник на многу признанија и автор на повеќе трудови од историјата на македонскиот спорт. Носител на признанието „Златна плакета“ од Фудбалскиот сојуз на Југославија. 2014. година добитник на награда за трајни вредности од Фудбалската федерација на Македонија.

Во чест на незаборавниот Ивко Панговски, натпреварите од 24. круг од Првата македонска фудбалска лига ќе започнат со со минута молчење.




   
   
А репрезентација