Илија Несторовски: Да ја продолжиме позитивната низа

Објавено на 22 Март, 2018 во Вести, Вести


Македонија – Финска

Пријателски натпревар

23. март 2018., 17:00 часот

Глорија арена, Белек.

Македонската А репрезентација ги финишира подготовките спроти утрешниот пријателски натпревар против Финска на „Глорија“ арена во турски Белек. Нашата репрезентација  веќе четири дена е во Анталија и ќе се обиде да ја продолжи позитивната серија. Немаме пораз на пет меча во серија, а  овие два дуели ќе бидат добра подготовка за премиерното издание на Лигата на Нации, кое почнува во септември.

Напаѓачот на Палермо, Илија Несторовски вели дека максимално сериозно се одработуваат подготовките и верува во нова победа на Македонија.

-Тренираме максимално, имаме одлични услови за работа во изминатите четири дена. Финска е квалитетна селекција и ја сфаќаме сериозно. Ги анализиравме нивните добри и помалку квалитетни страни и верувам дека со победа ќе ја подобриме одличната атмосфера во нашиот табор. Тоа секако ќе ни биде дополнителен мотив и за дуелот против Азербејџан, вели Несторовски. 

Со Азербејџан игтраме на 27. март на „Мардан“ арена, исто така во Белек. 




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација