Илиевски: Да ја вратиме довербата во Македонија до 21 година

Објавено на 21 Август, 2018 во Вести, До 21 год


Селекторот на Македонија до 21 година Добринко Илиевски по објавувањето на списокот со повикани фудбалери за квалификациските натпревари против Србија (07. септември) и Ерменија (11. септември) истакна дека главна задача во оваа фаза е да се врати самодовербата кај фудбалерите и вербата во оваа селекција. 

-Не очекуваат два натпревари од тековниот квалификациски циклус, против Србија на гостински терен и против Ерменија во Скопје. Ова  е подмладен состав на Македонија до 21 година и на некој начин вовед за следниот квалификациски циклус и идните предизвици кои ја очекуваат оваа репрезентација. Голем дел од фудбалерите се од генерацијата `99 и помлади и имаа одлични настапи во Елитната фаза квалификации до 19 години, истакна Илиевски. 

-Србија е непоразена, односно нема загубено бод во квалификациите и ќе настојува со сите сили да го освои првото место и да се пласира на ЕП. Нашите шанси за висок пласман се загубени, но сериозноста во пристапот не е намалена. Нашите амбиции и желби се исто тата големи за да се направи добар резултат, да се врати самодовербата кај фудбалерите и вербата во оваа селекција. Секој освоен бод ќе значи многу за подобрување на пласманот и ќе се обидеме максимално да се подготвиме за натпреварите, заврши селекторот на Македонија до 21 година. 




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација